В.Д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, вели дека „имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, францускиот предлог, кој е усвоен и од парламентот на РСМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорното прашања“
За него „загрижувачки се обидите на (македонската опозиција -н.з.) да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели. Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема – европско членство или идентитет на РСМ. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа.
Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес,вели Милков.
Според него, оваа катарза мора да се доживее и во Македонија.
„Би сакал да се формира национален консензус во РСМ, бидејќи не можеме да се потпираме и да разговараме само со една политичка партија, треба да разговараме како држава со држава, за да не се случи луѓето со бугарско самосвест во РСМ да ја загубат вербата во институциите кои се повикани да ги заштитат и нивните права“, рече Милков.
Тој притоа оцени дека институциите во Македонија „не треба да се користат за репресивни цели“.
