Социјалните мрежи збеснаа по видеото во кое полициски мајор физички и сексуално напаѓа девојка (ВИДЕО)

Името и чинот на полицискиот мајор Крстиќ со молневита сила се шири на социјалните мрежи во Србија и регионот откако тој на мирни протести употребува недозволена сила против млада девојка на блокадите на српската опозиција против собирот на Српската напредна странка кои се одржуваат на повеќе места кај северниот сосед.

Мајорот на српската полиција ја исфрла демонстрантката преку банкина на автопат притоа користејќи физичка принуда а во зафатот насилно ги допира гениталиите на девојката.

Предходно српскиот полициски офицер кој е командир на полициската станица во Савски Венац физички напаѓа мирен демонстрант на истите протести.

Кога нападнатиот го прашува дали полицијата ќе напаѓа голорак народ Крстиќ вели: “Така е”.

Мајорот на интервентната единица на српската полиција Александар Крстиќ предходно учествувал во видео за промоција на српските специјалци.