Социјална пензија од 6.000 денари за лица без работен стаж

Лицата, постари од 65 години, кои немаат доволно или воопшто работен стаж и се без приходи, да добиваат социјална пензија од 6.000 денари, предвидува Законот кој поскратена постапка се очекува да биде донесен во Собрание.

Социјалната пензија ќе биде само 2.800 денари пониска од најниската редовна пензија која се остварува со најмалку 15 години стаж и изнесува 8.800 денари.

Право на ваква пензија која нема да се исплатува од Пензискиот фонд туку од центрите за социјална работа, ќе имаат лица чиј брачен или вонбрачен партнер, нема пензија или друг приход.

Пензијата ќе се усогласува со трошоците на живот еднаш годишно, а лицата во зима ќе добиваат и дополнителни 1.000 денари.