Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред пратениците во македонскиот парламент.

За избор на новиот владин состав треба да гласаат најмалку 61 пратеник.

Собраниската седница трае најмногу два дена, а на крајот на вториот, односно утре пред полноќ треба да се одржи гласањето.

Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што ѝ припадна на Алтернатива.