Собранието ги усвои измените: Државјанство ќе се добива на 16 начини

Со 59 гласа „за“, Собранието ги усвои измените на законот за државјанства кои предизвикаа низа реакции изминатиот период.

Со измените се предвидени 16 услови – како платени сметки за вода, струја, потврда за преглед кај лекар, штедни книшки, ученичка книшка, , но не и нужно познавање на македонскиот јазик – со кои луѓе кои до прогласувањето на независноста живееле во Македонија можат да се стекнат со државјанство.


Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и тројца пратеници од владејачкото мнозинство.

Законот се донесе со европско знаменце по скратена постапка откако претходно партијата Левица го блокираше со над 1.000 амандмани.