Собранието едногласно го донесе Законот за државна гаранција на обврските по Договорот за заем од Кредитната банка за обнова, за да се овозможи АД ЕСМ да добие заем од 25 милиони евра.
Рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од пет години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно за секоја транша од заемот при нејзино повлекување. Ќе се спроведува ревитализација на хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје, Глобочица, Козјак и Св.Петка за што, пак, се потребни 36,2 милиони евра.
За остатокот од сумата потребна за оваа намена обезбедени се допонителни 11,2 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан.