Собраниската седница на која треба да се изберат нови министри за ресорите здравство и информатичко општество, треба да ја продолжи денеска откако во петокот, по речиси целодневна расправа беа досегашните министри Фатмир Меџити и Азир Алиу, од редовите на Алијанса за Албанците.

На позицијата министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а на министерската позиција во Информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, и двајцата предлог на Алијанса.

Меџити и Алиу беа сменети по партискиот раскол во Алијанса кој настана претседателот  Арбен Таравари одлучи АА да коалицира со опозициските партии на Албанците на претстојните избори, а споменатите министри го поддржаа во тоа.