Собрание: Заев, Ахмети и Димитров ги чекаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе од еден час доцни собраниската седница која беше закажана за 21 часот а на која требаше да се гласа за уставните измени.

Во салата околу 21.45 пристигна и премиерот Заев а пред него во придружба нљ вицепремиерот Османи дојде и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На страната предвидена за опозицијата се само двајца пратеници меѓу кои е координаторот на пратеничка група Драган Данев а предходно на кратко во пратеничката клупа седеше и Илија Димовски.

Според неофицијалните партиски информации на СДСМ му недостасуваат двајца пратеници за 2/3 мнозинство а според извори во опозицијата уште најмалку 5.

Засега нема најава кога би започнала седницата.