„Соберете се да ги избркаме, веќе доста е, не опљачкаа. Па зарем не гледате што се случува. Се ни земаа, што ни оставија веќе, уште душите да ни ги земат. Па и јас детето ако си го изгубам, што ќе правам. Што чекате, каде сте“, ова беше говорот на мајка на онколошки пациент на протестот пред Владата.
Денеска по трет пат граѓаните излегоа на улица по случувањата на онкологија. Мајката повика народот да се собере и обвини дека власта го ограбува народот. Таа кажа дека и нејзиниот син е онколошки пациент, по што се расплака.
По говорот, таа ја искина фотографијата на претседателот Стево Пендаровски, која беше ставена во саксија, како метафора дека тој се однесувал како цвеќе.