Хрватските навивачи и денеска со најголемото навивачко знаме на Мундијалот, долго 201 метар и тешко 95 килограми ќе ја бодрат хрватската репрезентација.

Хрватска од 16 часот го игра натпреварот од 3.коло од групата Ф против Белгија.

Има неколку комбинации како Хрватска може да се пласира во осминафиналето на Мундијалот.

Навивачите претходно го развиорија огромно знаме и пееле во знак на поддршка на репрезентацијата и пред мечот со Канада која беше совладата со 4:1. Индекс.хр