Со тутунски бизнис до месечна нето плата од речиси 150 илјади евра колку два стана во Скопје

Вестите за најголемите приходи што се пријавуваат во Управата за јавни приходи и што оваа институција секоја година ги споделува, секоја година предизвикуваат големо внимание кај јавноста. Она што во текот на март го соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревска, е дека највисоката годишна бруто-плата во 2021 година е исплатена на граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и на годишно ниво изнесува 122,3 милиони денари (околу 2 милиони евра). Ова значи дека месечниот износ на бруто-платата е 10,2 милиони денари, или околу 166.000 евра. Од овој износ е одбиен данокот од 10 проценти, како и придонесот за пензиско и здравствено осигурување кој не се плаќа на целиот износ, туку највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување во 2021 година е 658.256 денари. Така, и по сите овие одбитоци, според пресметката на порталот Пари, некој од тутунскиот сектор, имал нето-плата од 9 милиони денари, или околу 146.000 евра. Притоа, за пензиско и здравствено осигурување, како и за другите придонеси (во случај на невработеност и во случај на професионално заболување) платил 184.311 денари, или речиси 3.000 евра, додека данок на личен доход платил околу еден милион денари, или над 16.000 евра.

Целата анализа на пари.мк.