Во знак на почит кон прерано загинатите соученици, младите од Основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Општина Чаир денеска излегоа на марш во Скопје.

Тие изјавија дека со маршот сакаат да се потсетат на своите другари, петмина од ова училиште, кои вчера ги загубија животите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Тие од училиштето се упатија до плоштадот „Скендербег“.