Со „снегот“ на Шилегов ќе се позанимава Антикорупциска?

Антикорупциска по допрен глас ќе одлучува дали ќе се отвори предмет за случајот на градоначалникот Шилегов со ангажирањето приватна фирма за чистење снег.

Претседателката на антикорупциска потврди дека на првиот колегиум на ДКСК ќе се одлучи дали ќе биде отворен предмет за скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој ангажирал фирма за чистење снег и на истата и платил околу 1 милион евра.

Мирјана Димовска за Алфа изјави дека ќе се постапува по допрен глас и дека овој случај поради неговата специфичност го привлече вниманието на антикорупционерите.

Вчера Шилегов призна дека таков договор постои, но не објасни зошто Градот мора да плаќа на приватни фирми, покрај Јавното претпријатие Улици и патишта задолжено за одржување на улиците и сообраќајниците во градот.