Геноцидниот план ќе биде сопрен!

Пишува: Свето Тоевски

Измамите за наводните евроинтеграции исчезнаа и се разоткри вистината, се е кристално јасно: станува збор за бугарски план со француско-европска поддршка за преземање на Македонија и таа да се се соедини со Бугарија! Планот е приграбување на „бугарскиот дел“ на македонската територија и создавање втора бугарска држава на Балканот! Планот е уништување на македонската држава и на македонскиот идентитет и јазик, присвојување на сите страници на македонската историја!

Оваа пеколна намера денес ќе се брани по потреба и со користење сила против македонскиот народ, ако се спротивстави на изгласувањето на „францускиот предлог“ во Парламентот! Оваа полиција, која е платена од тој народ, го држи Скопје под опсада, а секој пратеник е обезбедуван со специјални мерки! Парламентот треба да стане местото на најголемото предавство во поновата македонска историја!

Мартин Лутер Кинг јуниор, еден од најистакнатите борци за правата на Афроамериканците, кажал: „Силата раѓа сила, омразата раѓа омраза, цврстината раѓа цврстина!“

Сите „безбедносни мерки“, со кои се закани уште вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се дел од истите методи, со кои и во Втората светска војна бугарската полиција брутално постапуваше кон самосвесните Македонци! Македонија и тогаш беше под бугарска окупација, но се ослободи, Македонија и денес треба да потпадне под нова бугарска окупација, но пак ќе се ослободи! Македонскиот пиреј ниедна окупаторска чизма не успеала да го уништи!

Отпорот на македонскиот народ, на кој му се придружи и неговата интелигенција, ќе ги надвладее сите закани, сите насилства врз него и неговиот идентитет! Македонија и Македонците ќе опстојат!