Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска зборувајќи за бегството на криминалецот Беким Мехмети индицира дека имало политички договор. Стоилковски прашува дали бегството на ладнокрвниот убиец било договорено со СДСМ.
,,Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза!
Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“, вели Стоилковски посочувајќи фотографија на која ги базира своите сомнежи.
,,Ова е таа фотографија!
Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС?
Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата!”, Вели Стоилковски според кого ,,само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС”.
Предходно тројцата полицајци и нивниот командир од КП Идризово се осомничени дека му овозможиле на Беким Мемети осуден за убиство и дрога да избега од затвор.
Според обвинителството за гонење на организиран криминал тие се осомничени за делото помагање во ослободување за кое е предвидена казна од 3 до 5 години затвор. Затвореникот Беким Мехмети се самоповредил со цел да биде овозможено од командирот да се пренесе во клинички центар Мајка Тереза.
Повредени се сите процедури за излегување на затвореникот и третман во болница. Во такви случаи задолжително требало да биде побарана и асистенција од МВР. Наместо тоа затворските полицајци тргнале сами со цел да му овозможат ослободување на Мехмети.
На тројца од осомничените судијата по предлог на обвинителствто им одредил скратена мерка притвор во траење од 8 дена а на четвртоосомниченичениот му е одземена патната испрва и му е забрането да го напушта своето живеалиште.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека командирот на затворот додека тие биле на власт бил суспендиран заради поткуп па повторно вратен од министерот Спасовски на истотото место како командир. На ова од МВР одговорија дека командирите и полицајците во затворите не се надлежност на МВР, туку на министрството за правда.