Со резултат 91:2 во Сенатот, САД го ратификуваа приемот на Македонија во НАТО

Соединети Американски Држави и формално го поддржаа членството на Македонија во НАТО, откако Сенатот пред малку го ратификува Протоколот со 91 глас „за“, два „против“ и седум воздржани или не гласале.

Републиканците Мајк Ли од Јута и Ренд Пол од Кентаки беа единствените против македонскиот прием во Северноатлантската алијанса.

По гласањето во американскиот Сенат, сега останува членството на Македонија во воениот сојуз да го потврдат уште Холандија, Шпанија и Исланд.