Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до денес се регистрирани 710 смртни случаи.

Македонија е на врвот по бројот починати лица споредено со соседните земји, јави Радио слободна Европа.

Министерот Венко Филипче изјави дека во тек се анализите за смртноста на пациентите кои треба да бидат готови за една недела.

Просечната возраст на починати од коронавирус во земјата изнесува 67 години, според пресметките на РСЕ.

Во просек од 22 март кога беше забележан првиот смртен случај до денес на дневно ниво има по 4 починати лица.

Во споредба со земјите од соседството повисоко на листата на смртни случаи од Македонија се Бугарија со 767, потоа БиХ со 763 и Србија со 743 случаи. Но, сите три земји имаат далеку повеќе жители, што значи дека Македонија е на прво место во соседството по негативниот биланс, јавува РСЕ.