Со покачувањето, пензионерите ќе можат да купат 350 грама млад јунешки бут

Владината информативна машинерија денеска ја информираше јавноста дека со со таканареченото “порамнување” пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%.

Според анализите со овие пари секој пензионер месечно во просек ќе може да купи околу 350 грама свежо јунешко месо според цените со попуст дадени од компанијата Тинекс.

Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот.