По само три дена од отворањето на училиштата и почетокот на новата учебна година состојбата почнува да станува алармантна.
Врие во речиси сите основни и средни училишта во Скопје и во текот на целиот ден меѓу родителите се споделуваат информации на нови отсуства поради позитивни случаи во Covid 19 во нивните одделенија.
Некои родители, кои имаат деца и во средно и во основно школо, ги повлекле своите деца од настава и велат дека не очекувале толку брзо да се случи тотален хаос.
Иако дел од експертите предупредуваа дека моментот за отворање на училиштата со физичко присуство е еднакво на атомска бомба, министерката остана на своите ставови дека услови и протоколи има и дека ситуацијата е под контрола.
Токму ваквите изјави на министерката, од која во последната се обиде целосно да го релативизира фактот дека во неколку основни училишта во Скопје веќе има потврдени случаеви на деца позитивни на вирусот за кој ние веќе претходно известивме ( линк до текстот https://www.expres.mk/na-prviot-uchilishen-den-30-na-zarazeni-so-kovid-mon-smiruva-deka-toa-e-001-otsto/,) ги испровоцираа родителите јавно да реагираат и да упатат до министерката неколку јавни прашања:
Министерката неодложно да излезе во јавноста со прецизна бројка на потврдени позитивни случаи во секое училиште поединечно после само 3 дена од наставата со физичко присуство?
Колку семејства ќе бидат принудени да одат во самоизолација поради изложеност на цели класови и одделенија?
Како во понеделник овие деца, кои не по своја вина мора да останат дома, ќе следат настава?
Кој се грижи за здравјето на наставниците и останатиот персонал во училиштата ако се знае дека еден ист наставник во предметна настава влегува во неколку различни одделенија и е изложен повеќекратно на вирусот во текот на само 1 ден?
Зошто нема скратување на наставните материјали, должината на часовите и поделба на бројот на ученици во една училница како основна мерка за намалување на потенцијалните ризици за брзо ширење на вирусот во училиштата?
Има ли претстава министерката колкава нова штета ќе претрпат бизнисите кои ќе бидат на удар поради ваквата неодговорна и несовесна директна изложеност на високо заразниот вирус кој не поштедува никого, па дури ни вакцинираните?