Со линеарно зголемување, може да снема пензии за сите, вели Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостување на ТВ Сител кажа дека не сака да биде популист и да даде линеарно зголемување или зголемување на пензиите коишто ќе ги задоволат пензионерите за да после три-четири месеци ниеден пензионер во државата не земе пензија.

Линеарното зголемување од 3.500 денари на сите пензионери ќе претставува 220 милиони евра годишно, што, според министерката, таквото зголемување ќе ја стави под прашање стабилноста на Пензискиот фонд.


Тренчевска ги упати пензионерите на Уставен да прашаат за линеарно зголемување

Министерката вчера прими делегација на пензионерите кои шротестираа за поправични пензии во Скопје и кои го поставија прашањето како е можно да има 78% зголемување на платите на функционерите, а за пензиите со септемвриската плата е предвидено усогласување од само 6 проценти.

И јас не се согласувам со покачувањето, меѓутоа тоа е одлука на Уставниот суд, а законот мора да се почитува. Тој што не ја почитува одлуката на Уставниот суд, односно законот, врши кривична одговорност и ако пензионерите се бунат за овие 78 отсто нека одат да протестираат пред Устваниот суд. Само 45 функционери се во Владата, останатите се пратеници, градоначалници, судии и јавни обвинители. Најмал дел се во Владата. жМеѓутоа законот е ист за сите”, изјави министерката.