Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја стартува кампањата „Ние сме Европа“, која има за цел да се убедат граѓаните дека уставните измени, за кои засега нема мнозинство, се услов за пат кон посигурна иднина.
Претстојната кампања „Ние сме Европа“ ќе ја спроведува Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Владата на Република Македонија.
Вицепремиерот за евроинтеграции, тврди дека ова е историска шанса, а преку средби предвидени во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово, ќе се помогне за членство во ЕУ.
Маричиќ рече дека кампањата чини 80 илјади евра, односно 5 милиони денари, а ќе заврши на крајот на септември, а на прашање дали не мисли дека таквата кампања е задоцнета, не одговори конкретно.
