Со експлозив разнесен банкомат на „НЛБ банка“ во скопски Бутел

Утрово во скопската населба бутел со експлозив бил разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, а засега нема информации за повредени.

Како што велат очевидци, полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“,дознава Слободен печат.
Како што неофицијално се дознава, крадфците не успеале да земат ни денар.