Џип со огромна брзина влетал во божиќна парада во американската сојузна држава Висконсин, при што загинаа пет лица, а беа повредени повеќе од 40 лица, меѓу кои и група млади, јави Ројтерс.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат црвен теренец како поминува низ божиќната парада во градот Вокеша, источно од Милвоки.
Шефот на полицијата Ден Томпсон кажа дека десетици луѓе се повредени, меѓу кои има и деца, а едно лице е во притвор.
Од полицијата кажаа дека осомничениот наводно бегал од друг инцидент кога влетал меѓу луѓето на парадата. Полицијата морала да пука во автомобилот во обид да го запре“, изјави Томпсон.
