Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ги постигна и двата гола на Џенова во ремито 2:2 дома со Беневенто и влезе во ексклузивниот клуб на великани со 100 или повеќе погодоци во италијанската Серија А.

Во „клубот 100“ на 37-годишниот капитен на репрезентацијата на Македонија друштво му прават фудбалските легенди Џузепе Меаца, Франческо Тоти, Роберто Баџо, Алесандро дел Пјеро, Габриел Батистута, Златан Ибрахимовиќ, Лука Тони, Роберто Манчини, Кристијан Виери, Андреј Шевченко итн.

Головите со кои два пати израмнуваше во 11. минута и во 21. минута се број 5 и 6 за Пандев во Серија А сезонава, со кои стигна до вкупно 27 во дресот на Џенова.

Најмногу, вкупно 48, постигна за Лацио, 19 за Наполи, 5 за Интер и 1 за Анкона.