Доаѓа тешко време за легендарната Неси – по 50 години, почнува најсериозната потрага по чудовиштето од Лох Нес. Ловци на мистерии овој викенд на шкотското езеро бараа знаци на митското чудовиште од Лох Нес.

„Центарот за Лох Нес“ најави дека истражувачи и доброволци ќе се обидат да најдат докази за наводното чудовиште, нагалено наречено Неси, користејќи дронови за термално снимање, а инфрацрвени камери и хидрофони за откривање на подводни звуци во матните води на езерото. Тоа е најавено како најголемо истражување на шкотското езеро во последните 50 години, а вклучува и волонтери кои ја скенираат водата од чамци и од брегот на езерото, а други низ целиот свет се придружуваат со веб-камери. Алан Мекена од Центарот за Лох Нес изјави дека целта е „да се инспириран нова генерација ентузијасти токму во Лох Нес“. Мекена за Радио Би-Би-Си изјави дека трагачите „бараат бранување на површината“, а од доброволците се бара да ги снимат сите видови природни појави на езерото“.


„Не е секое бранување чудовиште. Некои може да се објаснат, некои не“, рече тој.„Центарот за Лох Нес“ е сместен во некогашниот хотел „Драмнадрокит“, каде што започна легендата за Неси. Во 1933 година, менаџерот Алди Мекеј пријавил дека забележал „водно чудовиште„ во езерото опкружено со планини, најголемо по обем со слатководно езеро во Велика Британија, и со 230 метри едно од најдлабоките. Приказната отпочна светска фасцинација за наоѓање на недосежното чудовиште, отпочнувајќи измами и стотици извештаи од наводни очевидци.

Во текот на децениите имаше многу теории, вклучително со тоа дека чудовиштето би можело да биде преживеан праисториски морски рептил, џиновска јагула, есетра или дури избеган циркуси слон. Многумина веруваа дека „видувањата“ на чудовиштето се обични шеги или дека може да се објаснат со штици или бранувања од ветерот, но легендата е благопријатна за туризмот во сликовитиот регион на шкотските висорамнини. Таквиот скептицизам не ги одврати волонтерите како Крег Галифеј.

  • – „Верувам дека постои нешто во езерото“, изјави тој и додаде дека е подготвен да прифати што и да е тоа бидејќи „мора да постои нешто што ги поттикнува шпекуалциите“.Тој рече дека, без оглед на исходот овој викенд легендата ќе продолжи, макар и „како фантазирање дека има нешто под најголемата водна површина во Велика Британија“.„Но има многу приказни, има различни работи иако не се докажани. Постои нешто сосема посебно во врска со тоа езеро“, заклучи тој.