Голем пожар избувна во најголемата рафинерија за нафта во Саудиска Арабија, откако утрово била нападната со дронови, пренесува Ројтерс.

Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Ријад, пожарот во Рафинеријата која е сопственост на саудиската нафтена компанија Арамко, бил предизвикан од напад со беспилотни летала. Локалните власти велат дека пожарот, кој зафатил два од објектите, бил брзо локализиран.

Според арапски медиуми, цитирани од „Асошиејтед прес“, на пожарот му претходеле експлозии, а во телевизиските снимки се слушнало пукање.

Тензиите во регионот ескалираа по нападите во јуни и јули против нафтените танкери во водите на Заливот, за што Ријад и Вашингтон го обвинуваат Иран. Техеран ги негира обвинувањата.