Со Бугарија уште на стартот од Лигата на нациите, и тоа во гости

Носителот на групата Ц4 во фудбалската Лига на нациите, Бугарија, ќе ја нагости Македонија уште на стартот на 2 јуни 2022 година од 20:45 часот, а двата соседа ќе се сретнат и на крајот од групната фаза на 26 септември исто така од 20:45 ч. во Скопје.

„Црвено-жолтите“ ќе гостуваат и во второто коло на 5 јуни од 18 ч. во Гибралтар, по што следуваат два меча на домашен терен – на 9 јуни од 20:45 ч. со Грузија и на 12 јуни од 18 ч. со Гибралтар.


На 23 септември од 18 ч., пак, е реваншот со Грузија на нејзин терен.

Победникот од групата со најдобрите од другите три групи ќе разигрува за единственото место од дивизијата Ц што води на Европското првенство 2024 во Германија и за пласман во Б-сегментот од Лигата на нациите.