„Амбасадорот на Велика Британија Лосон ја повтори британската поддршка за европската интеграција на * Македонија, како и реформите во земјата, но и големиот интерес за зголемување на британските инвестиции во нашата земја.“ – објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Али Ахмети се сретна со британскиот амбасадор: Европската алијанса на напредни партии е иднината“.

ТВ Клан пишува: „Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија во земјата Метју Лосон. Ахмети и Лосон разговараа за политичкиот моментум, важноста на политичката стабилност, за вропската алијанса на прогресивни сили, оперативното единство за усвојување на уставните измени без оддолжување и за целосна насоченост на земјата кон спроведување на реформите за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.“

„Ахмети изрази благодарност за поддршката, што британската држава отсекогаш ја давала на процесите за демократски и економски развој на земјата, членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија, како и за конструктивната поддршка во надминувањето на споровите во духот на добрососедството и унапредување на европскиот пат.“

„Ахмети го информира амбасадорот Лосон за информативните средби. што Демократската унија за интеграција ги одржува со граѓаните под мотото ‘Заедно за Европа’, за да ја пренесе јасната порака за обединување на силите во мисијата за интеграција. ‘Европската алијанса на напредни партии е иднината.’ – нагласи Ахмети.“

Инаку, Велика Британија, која „ја дава својата поддршка за европската интеграција на * Македонија“, самата на 23 јуни 2016 година одржа референдум, за да одговорат Британците на прашањето: „Дали Велика Британија треба да остане во ЕУ, или да ја напушти?“ При гласањето 51, 9 отсто од британските бирачи се изјаснија оваа држава да излезе од составот на Европската Унија, а 48,1 отсто гласаа за останување во ЕУ. Како резултат на „брегзитот“ Велика Британија и формално престана да биде држава-членка на ЕУ на 31 јануари 2020 година.