Со Алаѓозовски од Министерство за култура заминува и Сарачини

„Беше привилегија и чест да се биде во служба на граѓан(к)ите и нашата земја, во значајни времиња на ослободување од авторитарен, насилен, криминален националистички режим и нормализирање на државата. Се надевам дека бевме достојни на предизвикот“, напиша вечерва на својот Фејбук профил Петрит Сарачини, со кој најави престанување на неговиот ангажман во Министерството за култура како советник на досегашниот министер Роберт Аклаѓозовски.

Со констатирањето на оставката на министерот за култура Алаѓозовски во Собранието на РМ, престанува и мојот работен договор и ангажман во Министерството за култура како посебен советник за култура, напиша Сарачини.

Новинарот и активист, Петрит Сарачини, лани во јуни, исто така преку својот Фејсбук профил, ја извести јавноста дека станува дел од кабинетот на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, како советник.