Со 4 пратеници, Алтернатива добива вицепремиер, 2 министри, заменици, директори…

Во преговорите со премиерот Зоран Заев, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, успеал да договори и да добие 47 раководни функции меѓу кои вицепремиер.

Синоќа од Алтернатива бјавија дека дон еле одлука за влегување во владата.

Неофицијално Алтернатива ќе го добие министерското место за здравство, за информатика и министер за дијаспора. Заменици министри од Алтернатива ќе бидат во култура, земјоделство и транспорт, заменик претседател на Собранието, директорско место во МЕПСО… и уште десетици места во јавните претпријатија, здравствени установи, надзорни и управни одбори., двајца министри, двајца заменици министри, МЕПСО…дознава МКД:МК.

Портпаролот на Алтернатова Орхан Муртезани вчера изјави дека овен кадровските решенија, било договорено да сем бара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу…

Денеска во 13 часот, договорена е нова средба Заев – Гаши на која ќе се потпише програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Се очекува Заев и Гаши официјално да соопштат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.