Американската вебстраница „Глобал фајерпауер“ ја позиционира Македонија на 103. место меѓу 145 земји според бројот на тенкови, од кои 114 располагаат со вакви оклопни возила.
Според специјализираниот портал за споредување и за рангирање на воената моќ на државите во светот, Македонија располага со 31 тенк и во тој поглед подобро стои од девет сојузници во НАТО – Словачка има 30, Холандија 18, а Белгија, Литванија, Естонија, Летонија, Исланд, Црна Гора и Луксембург ниту еден.
Во регионот повеќе тенкови од Македонија имаат Турција (2.229), Грција (1.365), Романија (413), Бугарија (410), Србија (242), Унгарија (176), Босна и Херцеговина (124), Хрватска (75), Словенија (48) и Албанија (40).
На светско ниво неприкосновена е Русија со 12.566 тенка, пред Северна Кореја со 6.445, САД со 5.500, Кина со 4.950, Египет со 4.664, Индија со 4.614, Иран со 4.071, Пакистан со 3.742, Сирија со 2.616, Јужна Кореја со 2.331 итн.
Министерството за одбрана на Република Македонија потврди дека кон крајот на јули минатата година испорачало тенкови како воена помош на Украина, но не го прецизира нивниот број.