Со 3 денари намалување на цените, лекови не се купуваат – пениознерка му рече на премиерот кој во маркет се сликаше со артикли

Пензионерка која претходно разбра дека премиерот Димитар Ковачевски ќе пазари во локален маркет во скопската населба Тафталиџе, го пречека за да му се пожали дека со малата пензија не може да се носи со актуелната инфлација на производите. Дополнително, му рече дека цените се замрзнати на некои производи откако претходно енормно поскапеле. Ковачевски на тоа рече дека пензиите двапати годишно се зголемуваат процентуално и дека цените се насекаде зголемени поради војната во Украина.

Цените ги намаливме со владини одлуки или низ разговори со стопански комори. Таму каде што не можевме да постигнеме џентлменски договор, ги намаливме цените со владина одлука, рече Ковачевски.

Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски во изминатиот период често ги посетуваат маркетите и ја убедуваат јавноста дека цените се намалени.