Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците, изрази резерва околу веродостојноста на објавените податоци за пописот.

„Господин (Апостол) Симовски веднаш по завршувањето на пописот изјави дека вкупниот број на попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, во државата е 2.037.000.

Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000.

Ако пописот е завршен на 30 септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30-ти Септември“, праша вчера пратеникот Снопче.

Во име на Алијанса за Албанците тој изрази и други резерви:

„Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живеат надвор не соодвествува со реалноста…

Не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Не веродостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30%  од граѓаните на Северна Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении.