Снимен моментот кога е пукано во двете жртви во Ист Гејт (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На видеото кое го објавува порталот Курир од денешното пукање во Ист Гејт Мол се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.

Откако тие се симнуваат по ескалаторот зад грб им приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

,,Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани”, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

Целото видео

Знаеле дека се можен таргет

Жртвите во Ист Гејт го виделе напаѓачот кратко пред тој да пука во нив (ВИДЕО)