На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за тешки товарни возила во 00:30ч.

На патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка од 22:00ч. воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.