Можев да седам на страна на безбедно, на топло, без стрес, без страв дека некоја партиска будала во некој темен кош ќе ми ја скрши главата со кундак од пиштол. Дека некој уплашен инспектор во МВР ќе напише кривична пријава што некоја уценета обвинителка или купен судија по нарачка од Бихаќка ќе ја преточат во затворска казна.

Но решив да одам против тие што во секој поглед ја осквернавија македонската држава на секое ниво.

Не се сметам себе си ниту интелектуалец ниту за храбар човек. Ниту сум поголем патриот од десетиците илјади што секојдневно на свој начин се борат за Македонија.

За жал илјадници други луѓе кои своите кариери ги направиле на сметка на Македонија сега молчат.

Се плашат да не ги загубат привилегиите што им ги дава државата што пука по сите шавови и кои секако ќе ги загубат кога ќе ја загубат Македонија токму заради нивниот молк.

Не се плашат само од одмаздата на својот народ. Затоа што мислат дека народот е пластелин без паметење.

Не се срамат што додека тие седат на страна и немо ја набљудуваат последната македонска битка други луѓе се ставени на ражен затоа што со збор и глас ја исполнуваат обврската кон својот народ.

И академик Ќулавкова и професорките Силјановска , Котеска , Маџовска Груевска, Јачева Улчар, Цветанова, Ванковска, Андовска, Стојкова Серафимовска и десетици други интелектуалци се луѓе со свои стравови , проблеми, со свои загуби.

Но сепак не молчат, ја кажуваат вистината и по цена да бидат растргнати од силеџиите на струмичкиот клан. Затоа што им е помила вистината од личниот ќар.

Зарем мислите дека на академик Коцарев му е лесно да води невидена војна со најперфидната власт во независна Македонија. Или дека професорот Митко Б. Панов без ризик и стрес влегува во научната битка со надмоќниот противник кој ја нема силата на аргументите но го има аргументот на силата .

И погоре наведените и многу други храбри луѓе имаат деца за кои се плашат, и тие имаат невработени блиски , нерешени животни проблеми но не се предаваат.

Се борат како што знаат и умеат. И ја исполнуваат обврската кон својот народ, претци, наследници, нацијата и држава.

На многу едноставен начин. Го кажуваат тоа што мислат за разлика од многу други кои избраа да молчат пред наездата на предавството, насилството, простотилокот и криминалот на струмичката мафија.

Немам никаква дилема. Молкот на таканаречените македонски интелектуалци вгнездени во државните јасли или во удобноста на личните богатства е причината за смртната дијагноза на Македонија.

Познавам десетици таканаречени интелектуалци кои имаат безброј лични ставови за идиотизмот на кликата на Заев во четири или осум очи но немаат храброст или личен интерес да кажат јавно што мислат.

Нив ги презирам повеќе од тие интелектуалци – калкуланти приврзоци на сите власти кои бакнуваат нечии ануси за места во управни одбори, комисии или советнички места во владата.

За нив знаевме од секогаш дека се квислинзи во мали пакувања кои водени од кариеристички и лукративни мотиви ја тргуваат својата чест за ситни хонорари или наставен денар.

И двете групи знаат дека на крајот заради нивниот молк ќе ја загубиме Македонија каква што ја посакуваме или Македонија ќе победи но тие ќе бидат на другата страна на историјата.

Омразени, понижени, заборавени или проколнати. Затоа што Македонија не заборава.

Дебати, емисии, колумни, фејсбук статуси, твитови, учество на протести.
Сите имаат разни можности да го кренат гласот против тоа што и се случува на Македонија.
Но не сите имаат чиста совест и чесна агенда. Уште помалку имаат храброст да бидат искрени пред себе и иднината.

Време ќе мине, парите ќе бидат потрошени, функциите завршени но срамот ќе остане.
Нема да се заборави резилот за молкот што гласно се слуша додека се распаѓа македонската држава. Луѓето што ги создаде државата Македонија а кои сега молчат под јорган планина ќе мораат да живеат со тој срам за навек.

А треба само да го кажат тоа што го мислат. Пред да биде предоцна , за нив и за Македонија.