Од писмото напишано од народниот херој Мирче Ацев кое е испратено до неговиот соборец Љупчо Арсов на 30 ноември, 1942 е јасно дека македонските партизани, не само што се бореле против Хитлерова Германија, Италија, Бугарија, балистичко-качачките банди туку се бореле еднакво и против српско-србоманските четници на Дража Михајловиќ, како и бугарско-бугароманските фашистички контрачети составени од Ванчомихајловистите, објавува Центарот за образовнон истражување Крвопис.
Ванчомихајловистите во Македонија биле под бугарска команда а биле организирани од Димитар Чкатров и Ѓузелов.
(на насловната слика покрај писмото гледаме четници и бугарски фашисти, сликани пред поход).
,,Овие бугарски измеќари соработуваа со сите за да ја уништат Македонија и да го покорат македонскиот народ.
Па, следен пат кога ќе ве етикетираат како србомани покажете им ја сликава!
СМРТ НА ВАНЧОМИХАЈЛОВИЗМОТ! СМРТ НА ВРХОВИЗМОТ!”, пишува во објавувата на писмото.
Делот од писмото на Мирче Ацев, кое се однесува токму на овие фашистички домашни предавници:
“…Кај нас во Македониjа, и поред најголемите напори, окупаторите преку својте слуги – бугарските фашисти и македонските изменници от типо на (Димитар) Чкатров, (Димитар) Гјузелов, Ванчо Михајлов и ком[панија] – не успеја да е скрша борбата на македонскио народ. Партизанските одреди се намножија; и скоро по цела Македонија крстарат партизански чети.
Големио терор, масовите стрелајна по македонските села и градови, палејнето по цели села и интернирајна, како и бесчестејне на жени не го спречија нашио народ да и помага партизаните.
Ни дејствијата на југословенското правителство, преку својо члан Дража Михајловиќ и Војчо Трбиќ кој му одат во сметка на окупаторите, не успеја да го одделат нашио народ.
Дејствијата на југословенското правителство, кое до ден денешен е нема нити со една дума загарантирано слободата на македонскио народ, уствари само му помагат на окупаторите да изазоват братоубилачка војна во Македонија, каква таја била после 1903 год”, пишува Мирче Ацев во своето писмо.
Само четириесетина дена по испраќањето на писмото Ацев е убиен од страна на бугарските фашисти во затворот во Скопје во јануари 1943 година по долго мачење.
Според шефовите на бугарските тајни служби Ацев заедно со Страшо Пинџур не изустиле ни збор иако се соочувале со ѕверско мачење од фашистичките полициски офицери.
Првиот македонски партизански батаљон формиран во 1943 година го носел името на Мирче Ацев.