Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за скандалозна ја смета изјавата на Денко Малески за порталот Плусинфо: „Заблуда е дека секоја нација има право да пишува своја историја“ и „поставувањето на темелите на македонскиот идентитет врз античката грчка култура и историја од страна на македонската држава беше погреша политика, која пропадна пред категоричната меѓународна заедница“!

Ова се истакнува во реакцијата од СМК.

– СМК изјавата на Денко Малески ја оценува како пробен балон за подготовка на јавноста за прифаќање на бугарските барања за ревизија на македонската историја и постоење на Македонскиот народ и Македонскиот јазик од 2 август 1944 година, како услов за почеток на разговорите за членство на Македонија во Европската Унија. СМК потсетува дека Македонија никогаш не изградила македонски идентитет врз античката грчка култура и историја, затоа што Грција за првпат во својата историја ја окупира Македонија за време на Балканските војни 1912-1913 година вршејќи геноцид врз Македонскиот народ. До Балканските војни, Македонија никогаш не била грчка, Грција беше под Олимп, грчкиот крал Горгиос Први од 31 октомври 1912 година издава декрет до премиерот Евангелос Венизелос, да воспостави времена управа врз окупираните територии на Македонија!- се вели во реакцијата.

СМК повторно со индигнација ја отфрла изјавата на Денко Малески во пролетта 2019 година дека Македонскиот и Бугарскиот се еден народ и Гоце Делчев е Бугарин.

-СМК потсетува на предавствата на Денко Малески од 1991 година: Киро Глигоров и Стојан Андов ја жртвуваа Владата на Никола Кљусев со недоверба во Собранието изгласана на 17 август 1992 година, во намерата да го спасат Денко Малески како министер за надворешни работи на Македонија од интерпелација поради неговите изјави “Јас се чувствувам за Југословен“ и “Македонија како самостојна држава може само без мене!“ Притоа треба да се имаат во предвид обидите на Киро Глигоров како претседател на Македонија и Алија Изетбеговиќ како претседател на Босна и Херцеговина за рекомпонирање на СФРЈ во асиметрична федерација 2+2+2 (Македонија-Босна и Херцеговина, Србија-Црна Гора, и Словенија-Хрватска), со нивната Платформа од 6 јуни 1991 година, наспроти референдумот одржан на 8 септември 1991 година за “Суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки!
СМК смета дека Денко Малески е срам за научната заедница во Македонија, во неговата политичка травеститија од Југословен до Бугарин!- се вели во објавата на СМК на Фејсбук.

СМК бара веднаш еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и распуштање на македонско-бугарската меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја! ЕУ и НАТО, се додава во објавата, не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ!