„Сменете го уставот, сменете го уставот“ – сезона е на папагалите

„Не ни е прв пат, веројатно ниту последен, да не навјасаат папагали. Тоа се оние симпатични птички коишто знаат да повторуваат само куси реченици, како – сменете го уставот, сменете го уставот…

Последен пат тоа ни се случи пред неколку години. Тогаш добивме кумови коишто, по многу векови и милениуми – ни го сменија идентитетот и не прекрстија во Северномакедонци“, пишува амбасадотот Ристо Никовски за Плусинфо.

(…)

Откако набројува кој се’ досега бил во минатото но и во претходните денови да ја убедува јавноста во Македонија дека е нужно да се промени уставот зашто „ова е најдобрата (преговарачка) зделка од ЕУ што можете да ја добиете“, што би рекол еден висок ЕУ функционер, Никовски вели:

„Сезоната на папагали само што започна и ќе ги има многу. Дојде пролетта.

Нивно е да изигруваат кловнови, а наше е да си ги браниме нашите интереси и, по никоја цена, да не дозволиме промена на уставот под безобразно наметнатите услови.

Тоа би бил бесмислен и самоубиствен чин. За среќа, народот веќе ги прочита.

Видовте дека се најави нова бугарска партија која веќе нуди вработувања во државната администрација…, дури и пратеник и министер…

Сето тоа ќе следи ако влезат во Уставот. Знаеме кој стои зад сето тоа.

‘Како и до сега’, би му шепнал Ахмети на Ковачевски“ – пишува Никовски.