Заврши процедурата пред стапување на сила на измените на Кривичниот законик. Откако Владата „тајно“ ги усвои, Собранието експерсно ги донесе по скратена постапка (со европско знаменце), а претседателот Стево Пендаровски ги потпиша, по што тие беа објавени во „Службен весник“ со датум 7 септември 2023.
Измените се однесуваат на 38 члена од Кривичниот законик, за кои власта рече дека 35 се за усогласување со директивите на ЕУ.
Со изгласувањето, пратениците ги намалија пропишаните казни за двете кривични дела, воведоа горна граница на максималната казна, а и укинаа еден став од членот за злоупотреба на службената положба и овластувања. Со тоа предвидоа и порано застарување на делата.
- Измените на Кривичниот законик, како што е предвидено, ќе стапат на сила на осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“. За повеќето членови е наведено дека ќе почнат да се применуваат шест месеци по стапувањето на сила, но тоа не се однесува и на измените на делата за злоупотреба на службената положба и овластувања што значи дека тие ќе почнат да важат веќе за една недела отсега – пишува порталот 360.
Во однос на злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, има промени во ставот 3 кој предвидуваше дека „ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.“
Со измените се воведува горна граница на казната и ставот гласи:
Ставот 5, пак, од истиот член се брише и станува непостоечки, а се однесуваше на злоупотреба на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или штета на државниот Буџет. Тој гласи:
Наместо него, се додаваат два други става:
Исто така, се направија измени и на членот 353-в кој се однесува на „Несовесно работење во службата“, поточно на ставовите 2 и 3. Тие, во досегашниот закон гласеа:
„(2) Ако сторителот на делото од став 1 прибави поголема имотна корист или предизвика поголема имотна штета или потешко ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави поголема имотна корист или нанесе значителна штета, ќе се казни со затвор од најмалку три години“.
Во новиот владин предлог е предвидено бришење на ставот 2 од членот 353-в и измена на ставот 3. Така, наместо казна затвор од најмалку три години за службено или одговорно лице во јавно претпријатие или установа кое ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сега се поставува граница – од шест месеци до пет години.
За кривичното дело злосторничко здружување – член 394, пак, пратениците изгласаа намалување на казните. Досега затворските казни во зависност од ставот на овој член беа „од една до десет години“ (став 1) и од „шест месеци до пет години“ (став 2), а со измените тие се намалуваат до три (став 1) односно до две години (став 2).
Измените првично поминаа на владина седница одржана на 29 август 2023 година, но јавноста не беше информирана за тоа ниту од владината прес-служба ниту од некого од нејзините членови. Во Собранието тие беа поднесени со европско знаменце. Таму експресно го поминаа филтерот во Комисијата за европски прашања, а потоа и на пленарна седница каде беа изгласани со 48 гласа „за“. 36 пратеници беа „против“, а еден имаше „воздржан“.