Селото Слупчане во општина Липково синоќа остана во мрак поради неконтролирани кражби на струја.
Жителите со блокада на патот кој води до селото ги попречуваат екипите на ЕВН да влезат во селото, објави ТВ21.
На патот кој води кон Слупчане жителите палат гуми и го блокираа пристапот до селото.
ЕВН ја исклучила стријата во селото, а според Макфакс, поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Од ЕВН изјавиле и дека со крадењето струја се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти.
Слупчане важи за населено место каде најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија, а според медиумите, фактури за струја добиваат само 20 отсто од домаќинствата.
