Случајот „Онишченко“ денеска пред Комисијата за контрола на АНБ

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање.

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници.

На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржат нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.