Уредничката на Истражувачката репортерка лабораторија Сашка Цветковска го коментира медиумското известување на Македонската информативна агенција МИА која преку својот видео сервис во живо пренесувала изјави на пациенти задоволни од работата на клиниката Жан Митрев за која ИРЛ објави фрапантни индиции за криминал врз основа на кои Јавното обвинителство покрена истрага.
Цветковска во коментарот објавува дека претходно МИА објавувала платени соопштенија од екс вицепремиерот Кочо Анѓушев против ИРЛ кога овој медиум го објави скандалот со набавката на токсичниот дизел од страна на негови фирми со што се поставува дилема дали и сега МИА за пари објавува еднострани информации за Жан Митрев.
,,Кој сака да го гледа во живо пресот на задоволни контра пациенти од болницата Жан Митрев кои себеси се претставуваат како “втората страна” на “Нечиста крв”, одете на социјалните мрежи на агенцијата МИА која што го пренесува во живо. Ги пренесуваше МИА и соопштенијата на Анѓушев со клевети на адреса на ИРЛ, без да не побара, но ни беше речено дека тоа е платено и таква е агенциската работа во која ние не сме се разбирале. (Бев допосник за Франспрес и вакви пракси немам видено). Веќе е глупо човек да биде и разочаран од луѓето кои ги почитувал. Патем, медиумите коо го следат случајот апсолутно им е таму место да известуваат. Овој случај е сосема поинаков, дополнително Државната агенција која што треба да промовира највисоки стандарди треба да направи проценка на волуменот на просторот кој го отстапува на приватните интереси преку платени соопштенија потоа дистрибуирани како вести до корисниците. Каде е тука филтерот дали нашиот медиумски простор ќе биде и хаб за непроверени информации, лични хајки и пропаганда”, пишува Цветковска користејќи ги хаштазите: #ПриоритетиНаДржавниотМедиум #ЈавенИнтерес
Државната агенција МИА е формирана од државата а нејзиниот директорот Драган Антоновски е поставен од владата. МИА мора да работи за јавниот интерес а еве тиално земање пари од приватни лица, како што открива Цветковска, за да се прикаже нивната вистина треба да биде гонето и од новинарските здруженија ЗНМ и МАН и од државата.
Досега немало државна информативна агенција која за пари објавувала соопштенија од приватни субјекти.
Цветковска реагира на информација на МИА во која се прикажуваат само пациенти на Жан Митрев кои имале добри искуства до клиниката.
Видеото од оваа информација не е достапно на страната на МИА што значи дека најверојатно е избришано.
Информацијата од видеото на овој линк е само делумно достапна до јавноста.