Словенечкото Собрание со нов уставен амандман го прогласи правото на питка вода за основно човеково право.
На овој начин, практично се оневозможува приватизацијата во оваа област, бидејќи само државата може да управува со изворите и другите водните ресурси.
По Словачка, Словенија стана втора членка на ЕУ, која го стави правото на вода во Уставот.
Премиерот Миро Церар ги опиша водените богатства на Словенија како „течно злато од 21 век” и ја пофали заедничката акција на експерти, политичари и заинтересирани страни, бидејќи со тоа ја поддржаа визијата за модерна и „зелена Словенија”.
„Тоа што речиси насекаде во Словенија можеме да пиеме вода од чешма, не смее да се подразбира. Тоа е голема привилегија за Словенците, која мораме да ја зачуваме не само поради нас, туку и за следните генерации, рече претседателот на словенечката влада во обраќањето пред пратениците.
Според новиот член 70А од Уставот секој граѓанин на Словенија има право на питка вода, а водата се прогласува за јавно добро под управа на државата.
Изворите на вода треба да служат за снабдување на населението со питка вода и вода за домаќинствата.
Поради сето ова, водните ресурси не можат да бидат предмет на продажба.