Словенечката гранична полиција откри 22 лица од Бангладеш, Индија, Турција и Сирија скриени во камиони цистерни со српски регистерски таблички, а на луѓето кои требало да бидат прошверцувани им се заканувало задушување поради недостаток на кислород, пренесува Хина.

За време на граничната контрола околу 12:00 часот вчера во првиот камион биле откриени 13 видно исцрпени лица, а подоцна уште 9 во резервоарот на вториот камион.

„Полицијата спаси животи на 22 лица, затоа што постоеше голема опасност тие да се задушат во резервоарите“, стои во словенечката гранична полиција, пренесе Ал Џезира.