На планините во северозападниот дел на Словенија падна првиот снег.

На врвот Кредарице, недалеку од Триглав, каде во денеска утринската температура беше три степени Целзиусови, веќе паднаа 10 сантиметри снег, јави Танјуг.

Според снимките од Кредарица во северозападна Словенија, поголемо количество снег се задржува на земја.

Снег паѓа и на Канина каде во седум часот наутро паднале три сантиметри.