Словенија го сака и Западен Балкан во ЕУ, покрај Украина и Моладавија

Министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон вели дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес, за да остане политиката на проширување на ЕУ кредибилна.

Во документот што им го поднесе Љубљана на другите 26 земји членки се бара отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија, визна либерализација за Косово и кандидатски статус за Босна и Херцеговина.

Фајон предупреди дека процесот на проширување е доведен под прашање и дека ги поддржува сите напори за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бих.

Поддршка за Македонија и Албанија се очекува да дадат повеќе министри за надворешни на ЕУ денеска, меѓу кои Австрија, Германија и повеќе источноевропски земји.