Словенија: 6 загинати во вчерашната несреќа во хемиската фабрика

Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозија и пожарот потврди директорот, Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот.

Причина за трагичниот настан најверојатно е човечката грешка.

Во несреќата загина едно лице вработено во Меламин, компанија за производство на меламински смоли кои се користат во хемиската и градежната индустрија и петмина вработени во компанија од Љубљана кои морале да поправаат електрични инсталации во областа каде што се случила експлозијата.