Во анализа за состојбите во правосудството Радиото Слободна Европа кое е финансирано од Вашингтон открива дел од причините зошто никој во Македонија не верува во правда и во правосудните институции.

Според последната анкета на ИРИ довербата во правосудството паднала од 8 на само 4 %.

Како политичката мрежа околу судиите и обвинителите го донесе правосудството на најниски гранки во историјата од анализата на Зорана Гаџовска Спасовска:

Изненадени амбасадори од изборите за први луѓе во битка против корупцијата, судии кои јавно говорат за судски бизнис и кодошење, ослободен од вина Мијалков за најголемата афера со прислушкување. Ова се само дел од скандалите кои ја одбележаа минатата година во правосудниот систем. А граѓани се жалат дека со години чекаат правда за роднините кои им загинале во сообраќајната несреќа во Ласкарци

Неправда и незадоволство од правосудниот систем чувствува Силвана чија мајка беше меѓу 16-те патници кои загина во сообраќајната несреќа кај Ласкарци. По речиси четири години од несреќата, судењето вратено од почеток против сопственикот на „Дурмо Турс“и вработените кои дозволиле автобусот со неисправни сопирачки да вози.

„Воопшто не сум задоволна, ниту со судскиот процес, ниту со вештачење, многу работи се скриени, се одложува постојано и сето тоа е страшно и стварно потресно за нас како фамилија,“ вели Силвана.

Истрагата за сообраќајната несреќа во Бугарија при која загинаа 45 македонски граѓани во автобус на Беса Транс, е една од причините поради која бев разрешена изјави неодамна шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.

И овој предмет за несреќа која се случи пред повеќе од една година правна разрешница не е ни на повидок. Се уште не е одржано судско рочиште за модуларната болница во Тетово во која при пожар во септември 2021 година загинаа 14 пациенти заболени со ковид – 19.

ВИДЕТЕ И ОВА:
Поништени пресуди – застарена „правда“
Како дел од причините за недовербата во судството може да се посочат и последните одлуки на Апелација со кои се поништија пресудите за најголемата афера досега за масовно незаконско прислушување „Таргет- Тврдина“ и „Трезор“ во кои како првообвинет се јавува поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Овие предмети ги опфаќаат процесите на масовно прислушување на над 20 илјади граѓани како и незаконски набавената опрема за прислушување и нејзиното уништување.

Со ваквата одлука на Апелација каде се бара повторно судење се отвара вратата кон „застарување на делото“. Тоа може да се случи ако до 2025 година не се донесе нова правосилна пресуда. Што значи судот ќе има задача во наредни две години да ја повтори и заврши целата судска постапка, со се конечна одлука за правосилност на Апелација.

Целата анализа на Слободна Европа