Мухамед Асани, гинекологот кај кого Државниот санитарен инспекторат дома најде нерегистрирана гинеколошка ординација продолжува да биде директор на струшката болница.

Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека во тек е стручен надзор за предметот каде родилка од Дебар по породувањето остана без матка, бубрег и јајник и дека по надзорот јавноста ќе биде известена за заклучокот.

Надзорот го спроведува Лекарската комора каде член е и доктор Асани.

Тоа што ДСЗИ кај него дома најде нерегистрирана ординација која што функционирала со години не беше доволно за да биде сменет од директорското место во струшката болница, пишува Слободен печат.